Наградени најдобрите матуранти на Град Скопје
- Градот Скопје е горд на сите наши средношколци, затоа го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје

15 јуни 2024
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, додели признанија и парични награди на матурантите кои се првенци на генерацијата од 23. скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“.
Градот Скопје е горд на сите наши средношколци, затоа го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и оддава јавно признание за постигнатите резултати. Одлика на нашите скопски средни училишта е да продуцираат успешни идни професионалци кои се квалитетни, одговорни, се движат кон иднина базирана на знаење и се пример за идните генерации средношколци.
Град Скопје
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.