• сабота, 31 август 2024

Наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2022 за примариус д-р Петре Крстев

Наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2022 за примариус д-р Петре Крстев

Велес, 9 ноември 2022 (МИА) - Комисијата за општествени  дејности при Советот на Општина Велес одлучи наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2022 година да му се додели на примариус д-р Петре Крстев педијатар, за посебен придонес во превентивната здравствена заштита на деца од предучилишна возраст и правилен раст и развој.Наградата за најстудент, пак, насловенена „Проф д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2022 година и се доделува на Љубенка Ордава студент по Општа медицина на Медицинскиот факултет „Гоце Делчев“ во Штип

Наградите на двајцата лауреати ќе им бидат врачени на вечерашната Свечена академија по повод 9. Ноември - Денот на ослободување на Велес и Ден на градот што ќе се одржи во салата на Народниот театар „ЈХК-Џинот“ во Велес.

Покрај овиер две награди, ќе бидат врачени и традиционаните пофалници 9. Ноември за 2022 на Панче Ќурчиев Пампик, Марија Давчевска, Олгица Мојсова Пепелашева, Леон Арсов, Љубица Малинова, Вероника Караколева, на фирмата ЕВЕНТИВЕ ДОО и на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“.

Благодарници ќе им бидат врачени на Зоран Николов, Ацо Димовски, проф. д-р Златко Василковски од Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“.

Годинава носители на спомен плакети ќе добијат прим д-р Лазар Бабунски за посебен придонес во истражувачката и публицистичка дејност од областа на офтамологијата во Велес и во државата, историчарот Слободан Ников за посебен придонес во истражувачката и публицистичка дејност од областа на историското минато на Велес и велешко и Иле Атанасов од „Брако“ за посебен придонес во инженерското иноваторство и создавање на брендот Green Machines“. ад/вг/

Остани поврзан