• понеделник, 23 декември 2024

Нагорно Карабах: Одредбите за прекин на огнот со Азербејџан се применуваат

Нагорно Карабах: Одредбите за прекин на огнот со Азербејџан се применуваат

Степанакерт, 23 септември 2023 (МИА) - Властите на етничките Ерменци во Нагорно Карабах денеска соопштија дека се применуваат одредбите од прекин на огнот со Азербејџан, воспоставен на 20 септември, вклучително и евакуација на ранетите и испорака на хуманитарна помош во регионалната престолнина Степанакерт.

Се работи на обновување на снабдувањето со електрична енергија, а работите треба да завршат до 24 септември, се наведува во соопштението.

Во тек се и „политички консултации“ за иднината на отцепениот регион со мнозинско ерменско население, кој Азербејџан повторно го зазеде во вторникот во 24-часовна офанзива. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан