• сабота, 06 декември 2025

Нагелсман: Поразот од Португалија е дел од нашето патување

Нагелсман: Поразот од Португалија е дел од нашето патување

Минхен, 5 јуни 2025 (МИА) - Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман по поразот од Португалија (1:2) во полуфиналето од Лигата на нации истакна дека германскиот тим треба да извлече поуки од овој резултат.

- Овој пораз е дел од нашето патување. Лошо е да се изгуби. Но, кога се обидувате да се развивате како тим, таквите непријатни моменти се неизбежни. Ова е природен дел од долгото патување. Тука е важно да ги научиме лекциите од загубениот натпревар. Ако го направиме ова, тогаш ќе направиме чекор напред, изјави Нагелсман за сајтот на УЕФА.

Германија ќе игра со поразениот тим од натпреварот Франција – Шпанија  во натпреварот за 3. место во Лигата на нации. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан