• сабота, 23 ноември 2024

Навивачи на Бетис нападнати во Загреб

Навивачи на Бетис нападнати во Загреб

 

Загреб, 21 февруари 2024 (МИА) – Група маскирани навивачи на загрепски Динамо физички нападнале четворица симпатизери на Бетис кои допатувале во Загреб за да го проследат утрешниот дуел меѓу двата клуба во рамки на шеснаесетфиналето во Конференциската лига.

Како што вечерва објави шпанскиот весник „Диаро де Севиља“, инцидентот се случил во вторникот вечер по пристигнувањето на четворицата навивачи на Бетис во хрватската престолнина.

„Излеговме од такси и ја побаравме точната локација на нашиот хостел, Одеднаш ни се приближи маж и љубезно не праша каде сме сместени. Откако му одговоривме ги повика другите кои беа во близина. Не испрскаа со солзавец и почнаа да нè тепаат“, изјави еден од нападнатите шпански навивачи за весникот.

Шпанските навивачи го пријавиле инцидентот во полицијата, од каде им било соопштено дека нападот го извршиле членови на навивачката група на Динамо, „Бед Блу Бојс“ чии официјални простории се наоѓаат во близина на хостелот.

Динамо и Бетис утре во Загреб ќе го одиграат реванш натпреварот од шеснаесетфиналето во Конференциската лига.

Динамо, кој има предност од првиот натпревар од 1-0, соопшти вечерва дека стадионот „Максимир“ е распродаден за утрешниот натпревар кој од трибините се очекува да го следат околу 400 навивачи на Бетис. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан