• недела, 01 септември 2024

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ ги става на располагање сите капацитети за справување со коронавирусот, а системот во еден дел потфрли

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ ги става на располагање сите капацитети за справување со коронавирусот, а системот во еден дел потфрли
Скопје, 12 март 2020 Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вечерва гостуваше на емисијата „Патот кон“ на телевизија АлсатМ. Во текот на гостувањето Муцунски укажа дека корона вирусот е глобален проблем и тема која ги надминува границите на дневната политика бидејќи се работи за здравјето на граѓаните. Муцунски посочи дека Владата доцнеше со спроведување на некои од мерките. „На прашањето дали потфрли системот, да потфрли. Некои мерки требаше да се преземат порано, како контрола на границите. Немаше навремена контрола на копнените гранични премини, а дел од здравствените работници укажуваат дека системот за жал не е соодветно подготвен“, рече Муцунски. Муцунски на гостувањето кажа дека Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, како и партијата воопшто ги става на располагање сите капацитети за надминување на оваа ситуација „Нудиме конкретни мерки и ги нудиме и сите ресурси со кои располагаме“, рече Муцунски. Во контекст на изборната кампања за претстојните предвремени парламентарни избори на 12-ти април, Муцунски посочи дека веројатно ќе е потребно редимензионирање на кампањата, и дека почитувањето на мерките е клучно. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан