• понеделник, 23 декември 2024

Муцунски: Посакуван коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ се партиите од албанската опозиција

Муцунски: Посакуван коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ се партиите од албанската опозиција

3 февруари 2024 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за дневникот на Сител истакна дека принципот победник со победник не важи за ВМРО-ДПМНЕ затоа што истиот е веќе нарушен од трана на ДУИ во 2016 година, како и дека посакуван коалициски партнер се партиите од албанската опозиција, а целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се стигне до 61 пратеник и повеќе.

Муцунски посочи дека и анкетите покажуваат дека партиите од албанскиот опозициски блок се доближуваат до ДУИ, а може и да го надминат.

Принципот победник со победник беше нарушен од страна на ДУИ в 2016 година, што значи дека истиот веќе не треба да се применува. Наш посакуван партнер и тоа јавно го кажуваме е коалицијата од албанската опозиција. Анкетите на јавното мислење и тие анкети кои внатрешно ги гледаме и тие кои се објавуваат покажуваат дека веќе навистина со рејтинг се доближуваат, а можеби и ќе го надминат ДУИ, но на граѓаните е да одлучат каков ќе биде резултатот, изјави Муцунски.

Муцунски нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ е клучно да се стигне до бројката 61 и потоа да се надмине таа бројка.

Со почит, 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО - ДПМНЕ 

Остани поврзан