• среда, 25 декември 2024

Муцунски - Закоњшек: Реализацијата на проектите долж коридорите 8 и 10 ќе влијае кон вмрежување на земјата во транс - европските транспортни мрежи

Муцунски - Закоњшек: Реализацијата на проектите долж коридорите 8 и 10 ќе влијае кон вмрежување на земјата во транс - европските транспортни мрежи

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - ​Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со директорот на Транспортната заедница со седиште во Белград,  Матеј Закоњшек.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во фокусот на разговорите беше посочена нашата посветеност на регионалната соработка во сите области од заеднички интерес, вклучително и Договорот за транспортна заедница со Западниот Балкан, кој има за цел целосно да го интегрира регионот во европската транспортна фамилија и да ја надополни политиката на проширување на заедницата. 

Истовремено, за време на средбата беа разменети мислења околу заложбите за усогласување на домашното законодавство со законодавството на ЕУ на патот кон станување полноправна членка, имајќи ги предвид притоа и националните политики и интереси.

-Како земја членка, Северна Македонија активно учествува во работата на телата на Транспортната заедница, притоа креирајќи политики и проекти за подобрување на транспорната политика, како на национално така и на регионално ниво. Реализацијата на проектите долж двата коридора, Коридор 8 и Коридор 10, дополнително ќе влијае кон вмрежување на земјата во транс- европските транспортни мрежи, било истакнато на средбата, стои во соопштението. вг/ац/

Фото:  Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Остани поврзан