Муцунски на средба со австралискиот амбасадор, унапредување на економската соработка
- Муцунски, како што соопшти МНР, го запознал соговорникот со приоритетите во работата на Министерството и на Владата, меѓу кои најголемо внимание и ангажман ќе биде посветен на забрзување на евроинтегративните реформски процеси.
Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретнал со амбасадорот на Австралија, Даниел Емери.
Муцунски, како што соопшти МНР, го запознал соговорникот со приоритетите во работата на Министерството и на Владата, меѓу кои најголемо внимание и ангажман ќе биде посветен на забрзувањето на евроинтегративните реформски процеси.
Соговорниците размениле мислења за актуелната билатерална соработка, во чии рамки нашата дијаспора во Австралија игра важна улога и претставува мост за поврзување меѓу граѓаните на двете земји.
На средбата биле дискутирани можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена, соработката во други области од заеднички интерес, како и прашањата поврзани со политичката и безбедносната состојба во регионот и надворешно политички теми. дма/бак/
Фото: МНР