• сабота, 22 февруари 2025

Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара

Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара

Скопје, 17 јануари 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара, информираат од Министерството.

Соговорниците го поздравиле досегашниот развој на билатералните односи и разговарале за потенцијалите за натамошно унапредување на севкупната соработка.

-Особен акцент беше ставен на можностите за зајакнување на соработката на полето на економијата, трговската размена, туризмот, културата и образованието. Беше потенцирана потребата од зголемување на договорната рамка, како основа за понатамошна конкретна реализација на проекти и активности, се вели во соопштението од МНРНТ.

Воедно, тие размениле мислења и за актуелните меѓународни прашања, вклучително и надворешно-политички приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји. сст/дма/

фото МНРНТ

Остани поврзан