• вторник, 26 ноември 2024

Муцунски: Граѓаните немаат доверба во правосудството

Муцунски: Граѓаните немаат доверба во правосудството

 Скопје, 30 јуни 2023

Сведоци сме во последниот период за низа скандали, дел објавени од медиумите, дел од нас како политичка партија. Видовме како внук  на лидерот на владејачка партија купи деловен објект од 30 милиони евра, но тоа за институциите не е корупција. Видовме членови на владата како на свои брачни другари им продаваат државен имот, но тоа за правосудниот систем не е корупција, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за „Тема на денот„ во дневникот на Сител.

Муцунски потсети дека покрај сите скандали видовме и скандалозен тендер за надзор за коридор 8 каде компанија која претходно произведувала долен веш, го доби тој тендер и гледаме како за институциите тоа не е корупција, и затоа на овој правосуден систем никој не му верува.

Во однос на денешното апсење за поранешниот градоначалник на Центар, Владимир ТОдоровиќ Муцунски истакна дека истиот е за политички интерес и дефокус од суштината во моментот дека корупција имаме во секое поле, низа скандали, како и истиот потекнува од СЈО чиј прв човек сега е во затвор.

- Првиот суштински проблем е фактот дека првата предистрага или истрага за овој предмет потекнува од СЈО, токму и обвинителот кој денес го видовме бил помошник, а сите знаеме во моментов каде се наоѓа госпоѓата која го предводеше тоа обвинителство и ги преземаше сите обврски од името на тоа обвинителство, Катица Јанева се наоѓа во затвор осудена за корупција. Од таа гледна точка одговорно тврдам дека секој предмет преземен од тоа обвинителство е политизиран и предмет на тоа кои се вистинските намери кои произлегуваат од истиот. Мое лично убедување е дека се работи за дефокус, обид за одземање на внимание од јавноста од тоа што во моментот се случува.  Се прави дефокус о фактот што никој не зборува во институциите за купувањето деловен центар од 30 милиони евра од 24 годишно момче, дефокус од скандалозниот надзор за коридор 8, од низата скандал, членови на владата н свои партнери продаваат државно земјиште на седница на влада, рече Муцунски.

Муцунски истакна дека низата скандали од кои голем дел се поврзани со ДУИ, за ниту еден од нив нема истрага, процедура, гледаме како истрагите по брза постапка се затвораат тоа го потврдува тоа што ВМРО-ДПМНЕ го говори дека во моментов правосудниот систем со луѓето кои раководат се политизирани и директно влијание на ДУИ, а второстепено и на СДС.

- Мора да ставиме крај на овој процес, анкетите кажуваат дека граѓаните немаат никаква доверба во правосудството, но гледаме и изјави на претставници на меѓународната заедница, претставници на држави како јасно ни кажуваат дека има вистинска загриженост и по конкретни примери, за состојбите  и немањето капацитет за коренити реформи, изјави Муцунски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан