• сабота, 21 декември 2024

Мустафи одби да потпише со Арсенал

Мустафи одби да потпише со Арсенал
Лондон, 26 октомври 2020 (МИА) - Шкодран Мустафи одби да потпише нов договор со Арсенал и го извести клубот дека сака да си замине по крајот на сезоната, кога истекува неговиот сегашен договор. Лацио и Наполи се заинтересирани за 28-годишниот Германец, кој во јануари ќе има право да потпише претходен договор со друг клуб и да замине како слободен агент на лето. Од друга страна, Арсенал мора да одлучи дали ќе се обиде да го продаде Мустафи уште во јануари, за да може сепак да добие нешто за него. Германецот одигра значајна улога во изборот на Артета откако Шпанецот стана менаџер на тимот. Сепак, на крајот на минатата сезона, тој се здоби со повреда на препоните што го извади од тимот. Мустафи се врати во групата на Арсенал за мечот со Рапид (Виена), а вчера дури се појави во игра на местото на Давид Луис, кој доби повреда.

Тагови

Остани поврзан