• сабота, 31 август 2024

Мусијала за тоа дека го споредуваат со Меси: Огромна гордост

Мусијала за тоа дека го споредуваат со Меси: Огромна гордост
Доха, 22 ноември 2022 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на германската репрезентација и на Баерн Минхен Џамал ​​Мусиала реагираше на споредбата со напаѓачот на аргентинската репрезентација и ПСЖ Лионел Меси. - Споредбите со Лео се голема гордост за мене. Меси во текот на кариерата настапува на највисоко ниво. Многу ми е тешко да се споредувам со него. Сакам да се фокусирам на тоа да станам уште подобар, изјави играчот од средниот ред на Баерн и Германија. Мусијала оваа сезона одигра 22 натпревара за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 гола и 10 асистенции. Деветнаесетгодишниот фудбалер отиде на Светското првенство во 2022 година како дел од германската репрезентација. Германците на Мундијалот во Катар се најдоа во групата Е со Јапонија, Костарика и Шпанија. Во првиот ќе се сретнат со Јапонија утре, 23 ноември во 14часот. зс/

Остани поврзан