• недела, 08 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мусети последен полуфиналист во Монте Карло

Мусети последен полуфиналист во Монте Карло

 

Монте Карло, 11 април 2025 (МИА) – Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети е последниот полуфиналист на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло, откако вечерва во четвртфиналето го елиминираше бранителот на титулата и трикратен победник на турнирот Стефанос Циципас од Грција со 1-6, 6-3, 6-4.

Откако убедливо го загуби првиот сет, Мусети во вториот сет успеа да се врати во дуелот, додека веројатно клучен момент беше четвртиот гем во третиот сет, во кој Италијанецот спаси четири брејк топки на противникот.

Во полуфиналето Мусети ќе игра против Австралиецот Алекс Де Минаур, кој го декласираше Бугаринот Григор Димитров со 6-0, 6-0 претходно денеска.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат шпанските тенисери Алехандро Давидович и Карлос Алкараз. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан