Муса разочаран поради пропуштањето на Евробаскет 2025
- Еден од најдобрите кошаркари на Босна И Херцеговина, Џанан Муса е разочаран за пропуштањето на Евробаскетот.
Дубаи, 27 август 2025 (МИА) – Еден од најдобрите кошаркари на Босна И Херцеговина, Џанан Муса е разочаран за пропуштањето на Евробаскетот.
Врз Муса беше извршен хируршки зафат кон средината на август.
- Рехабилитацијата по операцијата е потешка од очекуваното. Според некои прогнози, требаше да почнам да трчам за 3-4 дена. Но, почнав нормално да одам дури по 11-от ден. Се будев од болка навечер. Но, она што боли уште повеќе е што нема да можам да играм на Евробаскетот. Сите знаат колку ми се важни репрезентацијата и земјата, изјави Муса.
Хернијата беше откриена за време на рутински преглед,
-Не можев да одам на Кипар бидејќи Дубаи инсистираше да ја залечам повредата кај нив. Ќе останам таму до почетокот на сезоната. Тие сакаат да сторат сè што е можно за да се осигурат дека сум целосно здрав до 30 септември, заклучи Муса.
Кошаркарот минатата сезона играше за Реал Мадрид од каде замина во новиот евролигаш Дубаи. зс/
Фото: ЕПА