• петок, 26 јули 2024

Мурињо му се јави на Верати и го побара на позајмица во Рома

Мурињо му се јави на Верати и го побара на позајмица во Рома

Рим, 18 јуни 2023 (МИА) – Калчолигашот Рома е заинтересиран за потписот на Марко Верати од Пари Сен-Жермен.

 

„Кориере дела сера“ пренесува дека тренерот на италијанскиот тим Жозе Мурињо го повикал играчот од средниот ред на ПСЖ. Шеесетгодишниот Португалец се обидува да го убеди фудбалерот да премине во римскиот клуб.

 

Рома може да го позајми Верати, но проблем во моментов е високата плата на играчот.

 

Во француската Лига 1 во сезоната 2022/23, играчот од средниот ред забележа 29 настапи. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан