Музичко-сценска претстава „Божествена рапсодија“ на лица со Даунов синдром од Здружението „Трисомија 21“
- На малата сцена во Македонскиот народен театар лицата со Даунов синдром од Здружението „Трисомија 21“ - Скопје синоќа изведоа своја музичко-сценска претстава „Божествена рапсодија“.

Скопје, 23 декември 2023 (МИА) - На малата сцена во Македонскиот народен театар лицата со Даунов синдром од Здружението „Трисомија 21“ - Скопје синоќа изведоа своја музичко-сценска претстава „Божествена рапсодија“.
Здружението „Трисомија 21“ соопшти дека во претставата, реализирана во соработка со „Колектив Ветерница“, биле изведени македонски народни и забавни мелодии.
-Со музичкиот аранжман се експериментираше и беше успешно прилагоден на можностите на овие лица. Со ова сакаме да покажеме дека уметноста може да биде алатка за интеграција во општеството, социјализација и подобрување на животот на лицата со Даунов синдром и дека и тие можат да застанат на „штиците кои живот значат“ и имаат што да покажат, соопшти „Трисомија 21“. хс/лв/
Фото: Здружение „Трисомија 21“