• четврток, 20 февруари 2025

Музичко-поетскa кулинарска вечер во Пехчево

Музичко-поетскa кулинарска вечер во Пехчево

Пехчево, 18 февруари 2025 (МИА) - Во организација на Матичната библиотека „Кочо Рацин“ и Организацијата на жени - Пехчево, вечерва во Пехчево се одржа Музичко-поетско кулинарска вечер. Настанот се одржува трета година по ред, а учествуваа и гости од соседните општини. 

- Вечерва учествувaа над 25 жени домаќинки не само од Пехчево, туку со свои кулинарски специјалитети се претставија и претставници на библиотеката од Делчево. Во рамки на настанот имавме богата музичка програма на која учествуваа ученици од гимназијата Ацо Русковски - Берово, музичкиот педагот Драган Колевски и се претставивме со една драма во изведба на учениците од основното училитше Ванчо Китанов, истакна директорката на библиотеката Габриела Костадинова.

За претседателката на Организацијата на жени - Пехчево, Нада Симовска, вечерашниот настан е еден вид подготовка за манифестацијата Етно вешта жена, која во мај ќе се одржи во Пехчево.

- Ги поздравувам сите од името на Организацијата на жени од Пехчево и мило ми е што сте во голем број. Истотака ве поканувам на 25 мај повторно во Пехчево на манифестацијата Етно вешта жена. Уште сега ги поканувам домаќинките да размислат што за тогаш ќе направат. За овој настан добивме поддршка и од Советот кој ја вметна оваа манифестација во туристичката понуда за 2025 година, истакна Симовска.

Организаторите во рамки на настанот покрај на сите учеснички на кулинарската вечер, на наградените поети кои учествуваа на голем број натпревари и на останати соработници им доделија благодарници. вс/цр


Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан