Музеј на историјата на видеоигрите во Хрватска
- Колекцијата е собирана скоро 30 години, со доста ретки, но и историски најзначајни експонати од историјата на видеоигрите.

Загреб, 18 февруари 2025 (МИА) - Во строгиот центар на Загреб, во мај ќе биде отворен Музејот на историјата на видеоигрите. Во него ќе бидат претставени повеќе од 3.000 експонати коишто сведочат за еволуцијата на видеоигрите и цела таа гејмерска култура од 1960-тите до почетокот на ова илјадалетие.
Хрватскиот Музеј ќе има три ката и ќе зафаќа повеќе од 800 квадратни метри, но точното место ќе биде објавено подоцна. Колекцијата е собирана скоро 30 години, со доста ретки, но и историски најзначајни експонати од историјата на видеоигрите. Се додава и дека инвестицијата во овој уникатен музејски проект во нашето поднебје, е повеќе од два милиони евра, а основач е Дамир Шлогар кој важи за меѓународен авторитет во светот на видеоигрите.
Дел од постојаната изложба ќе бидат и оригинални примероци, на пр. - од „Компјутер спејс“ (Computer Space), „ПОНГ“ (PONG) итн., заедно со најголемата светска колекција на компјутерски игри од 20. век. Музејот планира и специјални настани, гостински предавања и средби со највлијателните луѓе од овој свет, како и специјални тематски изложби и изненадувања на технологијата од новата генерација. си/