МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата на Драмски содејствува со фестивалското мото „Промени се, промени сѐ“
- По синоќешното свечено отворање на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп денеска се одржаа дел од настаните од богатата програма на фестивалот. Во 10 часот, а така ќе биде и наредните денови на платото пред Градскиот саат, е детската зона, во 11 часот во салата од прилепското кино „Мис Стон“се прикажа „Стапица“ од Горан Стефановски, од актерската школа „Весна Петрушевска“, а напладне се одржаа и првите разговори на тркалезната маса за синоќешната прва претстава во официјалната конкуренција: „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен во режија на Васил Христов, а во изведба на ансамблот на Драмски театар од Скопје.
Прилеп, 8 јуни 2024 (МИА) - По синоќешното свечено отворање на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп денеска се одржаа дел од настаните од богатата програма на фестивалот. Во 10 часот, а така ќе биде и наредните денови на платото пред Градскиот саат, е детската зона, во 11 часот во салата од прилепското кино „Мис Стон“се прикажа „Стапица“ од Горан Стефановски, од актерската школа „Весна Петрушевска“, а напладне се одржаа и првите разговори на тркалезната маса за синоќешната прва претстава во официјалната конкуренција: „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен во режија на Васил Христов, а во изведба на ансамблот на Драмски театар од Скопје.
-Мојата идеја е не само да гледаме претстава и да аплаудираме. За театарот треба да се зборува и сите ние придонесуваме за доброто на Театарот, рече Ана Стојаноска, уметнички директор на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Режисерот Васил Христов во адаптацијата на текстот создаден пред век и половина, се раководел од тоа дали истите проблеми се актуелни и денес, а фестивалскито слоган содејствува со ликот на Хеда Габлер.
-Хеда има проблем со себе и целата таа немоќ дејствува деструктивно на сите околу неа, рече Саша Арсовска, актерка која ја толкуваше улогата на Хеда Габлер во истоимената претстава на Драмски театар.
Ова е втора година откако се воведоа повторно разговорите на тркалезната маса за претставите во официјалната конкуренција.
Вечер на програмата на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е претставата на МНТ од Скопје. Од 19,30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, анасамблот ќе ја изведе претставата „Иванов“ од Чехов во режија на Зоја Бузалковска. ем/сст/
Фото извор МТФ „Војдан Чернодрински“ и МИА