• четврток, 26 декември 2024

МТСП и Општина Кавадарци потпишаа договор за изградба на Дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост

МТСП и Општина Кавадарци потпишаа договор за изградба на Дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост

Кавадарци, 24 ноември 2023 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска потпишаа Договор за соработка, со цел заедничко учество во проект кој се однесува на изградба на Дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост. Центарот ќе биде со капацитет за 24 корисници од Општина Кавадарци. 

Предвидените активности се согласно Програмата на Владата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2023 година, објавена во Службен Весник на РСМ бр. 27 од 08.02.2023 година.

Договорот детално ги уредува правата и обврските на договорните страни во реализација на заедничкиот проект. Изведувачот на градежните работи ќе биде избран во заедничка постапка на двете договорни страни.

Вкупната проценета вредност на проектот е 40.856.910,00 денари со вклучен ДДВ. Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди 90 отсто од средствата, а Општината Кавадарци 10 проценти. Вредноста на опремата во Дневниот центар се проценува на 1.720.440,00 ден. со вклучен ДДВ, износ кој во целост ќе биде обезбеден од страна на Министерството. свд/ир

Фото: МТСП

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан