• среда, 25 декември 2024

МТСП: Деинституционализацијата не смее да стане квази реформски процес

МТСП: Деинституционализацијата не смее да стане квази реформски процес

4 март 2024 

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оствари средба со директорите на Јавните Установи од областа на социјалната и детската заштита. Првите луѓе на овие институции  наведоа дека процесот на деинституционализација треба да претрпи промени во смисла на кадровската екипираност особено за корисниците со пречки во интелектуалниот и телесниот развој.

Стамбените заедници и малите групни домови се скап процес кој државата ја чини многу и мора да се бара начин за негова одржливост.

Велковски наведе дека е голем поборник на овој процес и дека прашањето во моментов  е што понатаму и дека не смее да се застанува на пола пат.

 Зборот деинституционализација за жал не го разбираат моите претходници . Тој не подразбира трансформација на установите, туку значи поддршка на биолошките и згрижувачките семејства. Нема поубава атмосфера за живот од семејната. Ниту една стамбена заедница, ниту еден мал групен дом макар и да биде позлатен  не може да го замени природното семејство - изјави Велковски.

Во наредниот период нема да дозволиме квази реформите да ги згазат корисниците и институциите. Ќе се бараат начини да се унапреди овој процес, но пред се со одржливост  на системот.

 

Министерство за труд и социјална политика 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан