• понеделник, 23 декември 2024

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Скопје, 5 јуни 2024 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2024 година.

Корисниците на парични права што поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 јуни 2024 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа денеска за лицата чии презимиња почнуваат на А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ, а утре за корисниците со презимиња кои почнуваат на М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш. сст/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан