• сабота, 23 ноември 2024

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита
Скопје, 5 април 2021 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 април 2021 година. -Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19,за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа денеска на лицата чии презимиња почнуваат на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л и Љ, и утре 6 април на лицата лија почетна буква на презиме е М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Оттаму потсетуваат на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра. сст/дма/

Остани поврзан