• понеделник, 23 декември 2024

Законските измени за покачување на пензиите поминаа на Влада, наскоро во собраниска процедура

Законските измени за покачување на пензиите поминаа на Влада, наскоро во собраниска процедура

Скопје, 27 август 2024 (МИА) -Предлог-законот  за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со што ќе се овозможи  зголемување на пензиите на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година, ја помина владината процедура и наскоро ќе биде пред пратениците во Собранието. 

-Поконкретно, на 1 септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади кое ги предложи законските измени. 

Министерството посочува дека целта на предложените измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите. хс/са/ 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан