• среда, 27 ноември 2024

МП: Привршува процесот на изготвување на кодификација на граѓанското законодавство

МП: Привршува процесот на изготвување на кодификација на граѓанското законодавство

Скопје, 13 август 2024 (МИА) - Mинистерството за правда денеска соопшти дека пристапило кон завршување на процесот на изготвувањето на кодификацијата на граѓанското законодавство.

-По повеќе од деценија, а водејќи исклучително сложен и обемен процес Министерството за правда  во оваа завршна фаза ќе спроведе постапка за водење на стручни јавни расправи за Граѓанскиот законик со цел да се презентира концептот, но и да се слушнат коментари и идеи кои би придонеле за подобрување на истиот, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Граѓанскиот законик, како што е посочено во соопштението, претставува целина од пет сегменти на современи и харамонизирани решенија во повеќе области, кои ќе дадат значителен придонес кон обезбедување на пристапот до правда и правната сигурност на граѓаните. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан