• вторник, 24 декември 2024

МПС бара подобрување на економско-социјалниот статус на вработените во МВР, АР, АНБ и УФП

МПС бара подобрување на економско-социјалниот статус на вработените во МВР, АР, АНБ и УФП
Скопје, 10 ноември 2021 (МИА) - Македонскиот полициски синдикат (МПС) бара подобрување на економско-социјалниот статус на вработените во МВР, АР, АНБ и УФП. Во денешното соопштение од претседателот на МПС, Марјан Кицев, тој информира дека денеска доставиле два предлози до Владата и до парламентарните политички партии во Собранието на Република Северна Македонија и тоа да се избрише членот 15 во новиот Закон за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година и предлог за измена и дополнување на член 15 во новиот Закон за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. - Член 15 би гласел дека дневницата за службено патување во земјата се пресметува од часот на тргнувањето на работникот на службеното патување до часот на враќање со превозното средство. Дневница во висина од 2000,00 денари ако службеното патување траело повеќе од 12 часа, а дневница во висина од 1000,00 денари ако службеното патување траело од 8 до 12 часа, се појаснува меѓу другото во соопштението од МПС. Кицев наведува дека МПС своите активности ќе ги насочи кон лобирање кај парламентарните политички партии, пратенички групи и поедини пратеници, со тоа уште еднаш потврдувајќи ја определбата овој проблем да го реши низ институциите на системот со водење на дијалог. Паралелно со оваа активност, МПС, се подвлекува, ќе работи на подигнување на синдикалната свест помеѓу своето членство за евентуално превземање и на други поконкретни синдикални активности, а со цел постигнување на договор за реализација на предложеното решение. Како единствен репрезентативен синдикат во МВР, АР, АНБ и УФП, стои во соопштението од претседателот на МПС, Марјан Кицев, изминатиов период покрај останатите активности кои ги превземале на полето на подобрување на условите за работа и економско социјалниот статус на вработените во погоренаведените институции, интезивно работеле за изнаоѓање решение за решавање на проблемот во член 15 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година (Службен весник на РСМ, бр. 307 од 23.12.2020 година). - Тука треба да ја  истакнеме специфичноста и сложеноста на вршењето на функциите на вработените во МВР, АР, АНБ и УФП  кои скоро секојдневно резултираат со преземање на вискоко ризични службени дејствија  како на територија на Град Скопје така и низ другите градови што нужно во пракса се манифестира преку неможноста за однапред планирање на времетрањето на ангажманот на нашите колеги(немањето на фиксно работно време кога се на службена задача што многу често резултира со дури и 24 часовен непрекинат работен ангажман, се вели меѓу другото во соопштението. цр/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан