• среда, 20 ноември 2024

Мојсоски: АМС со урбани катчиња ќе го развива рекреативниот спорт во повеќе градови во државата

Мојсоски: АМС со урбани катчиња ќе го развива рекреативниот спорт во повеќе градови во државата
Берово, 2 септември 2021 (МИА) - Изградба на нови урбани катчиња за спортување и рекреација и модерни фитнес-зони за најмалите. Ова денеска во Берово го најави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски кој на средбата со општинските власти разговараше за можностите за подобрување на опремата на спортските терени и тековните планови за нивно тековно одржување и подобрување. - Берово ќе биде дел од градовите каде ќе биде поставено опрема на отворено во насока на реализација на новиот проект на АМС за изградба на нови урбани катчиња за спортување и рекреација. Во тие рамки предвидено е да се изградат модерни фитнес-зони, со различни справи и реквизити за спортување и вежбање на сите граѓани, а особено на најмладите, рече Мојсоски. Во рамки на посетата Мојсоски заедно со градоначалникот Звонко Пекевски го посети уредениот кошаркарски терен во градскиот парк во Берово. Пекевски додаде дека кошаркарскиот терен е збогатен со нови реквизити со цел младите спортсти да уживаат во својот омилен спорт. Од општината додадоа дека во насока на подобрување на условите за спортување подобрени се условите на спортското игралиште во село Будинарци како центар на спортот, рекреацијата и дружбата на младите од ова село. вс/ев/

Остани поврзан