• сабота, 27 јули 2024

Мојсовски му додели плакета на каратистот Михајлов

Мојсовски му додели плакета на каратистот Михајлов
Скопје, 23 јуни 2022 (МИА) – Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денес оствари средба со каратистот Љупчо Михајлов кој освои бронзен медал на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа во Прага, Чешка. Директорот Мојсовски на Михајлов му посака успеси во неговата понатамошна кариера, а во оваа прилика му врачи и плакета за постигнатиот резултат на ова Европско првенство. На приемот присуствуваа и клупскиот тренер, како и селекторот на македонската репрезентација за кадети и јуниори Александар Кузмановски. зс/

Остани поврзан