• сабота, 23 ноември 2024

Мојсовски: Георгиевски е идол и нова ѕвезда на македонскиот спорт

Мојсовски: Георгиевски е идол и нова ѕвезда на македонскиот спорт
Скопје, 29 јули 2021 (МИА) – Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, го нарече Дејан Георгиевски, идол и нова ѕвезда на македонскиот спорт. Таеквондистот пред два дена на Игрите во Токио освои сребрен медал во категоријата +80 килограми. - Сребрениот медал од Олимпијадата е голем успех за Македонија. Ова ќе го славиме уште многу години. Се надевам дека среброто од Токио, на следните Олимписки игри ќе се преточи во злато. Дејан е 22-годишно момче кое ги заслужи сите пофалби. Од самиот почеток Агенцијата за млади и спорт застана зад него, сите негови потреби ги теравме заедно и еве вроди со плод. За сите деца кои сакаат да се занимаваат со спорт, Георгиевски е нов идол, нова ѕвезда на македонскиот спорт. Тој ни даде мотив плус, по пандемијата, спортот да го вратиме посилно. Тој ни ги разубвави моментите на Олимписките игри, истакна Мојсовски. Агенцијата за млади и спорт, за освоениот медал, ќе го награди Георгиевски со 600 илјади денари. зс/

Остани поврзан