• сабота, 22 февруари 2025

Мота: Победата над Интер ни ја крева самодовербата

Мота: Победата над Интер ни ја крева самодовербата

Торино, 17 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота ги искажа своите импресии по натпреварот со Интер од 25. коло од италијанското фудбалско првенство.

Јувентус победи со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Консеисао во 74. минута.

-Победата ни ја подига самодоверба и свесност за нашата сила. Во првото полувреме Интер беше подобар. Сепак, во вториот одигравме на повисоко ниво, технички бевме поуверливи. Тоа е вистинскиот начин, изјави Мота по дербито.

Со оваа победа Јувентус стигна до 46 бода и се искачи на четвртото место во поредокот. Интер е втор со 54 бодови, два помалку од лидерот Наполи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан