• среда, 25 декември 2024

Мостот „Беласица" утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности

Мостот „Беласица

Скопје, 23 декември 2023 (МИА) -  ЈП „Улици и патишта" - Скопје известува за привремен сообраќаен режим утре на мостот „Беласица", каде што од 8 часот до 12 часот ќе се изведуваат градежни активности.


-Поради изведба на градежните работи мостот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки и обележан со соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти јавното претпријатие. 


ЈП „Улици и патишта“ апелира внимателно да се управуваат возилата, а граѓаните да бидат трпеливи до  завршување на градежните работи. хс/цр/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан