• среда, 25 декември 2024

Москва: Нема закана од директен конфликт меѓу Русија и НАТО, но постојат ризици

Москва: Нема закана од директен конфликт меѓу Русија и НАТО, но постојат ризици
Москва, 2 март 2022 (МИА) - Заменик-шефот на руската дипломатија Александар Грушко денеска изјави дека нема закана од директен конфликт меѓу Русија и НАТО, но дека постојат ризици. Грушко изјави за ТВ Русија-24 дека Русија смета на здравиот разум на НАТО за да избегне конфликт. „Се разбира, постојат ризици од конфликт. Нема гаранции дека некои инциденти нема да се случат“, рече Грушко, додавајќи дека Русија е загрижена за испораката на оружје на Алијансата за Украина, и дека „сето тоа е многу опасно“. аа/

Остани поврзан