• сабота, 16 ноември 2024

Москва и се заблагодарува на Северна Кореја за „недвосмислената поддршка“ откако Пјонгјанг „испрати оружје“

Москва и се заблагодарува на Северна Кореја за „недвосмислената поддршка“ откако Пјонгјанг „испрати оружје“

Пјонгјанг, 18 октомври 2023 (МИА) – Рускиот министер за надворешни работи изјави дека Москва високо ја цени „принципиелната, недвосмислена поддршка на Северна Кореја за руските акции“ во Украина.

Сергеј Лавров е во посета на Северна Кореја неколку дена откако САД соопштија дека Пјонгјанг и префрлил муниција на Москва за нејзината војна во Украина.

Набргу по пристигнувањето, Лавров рече дека неговата посета е можност да се разговара за спроведувањето на договорите што Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги потпишаа кога се состанаа во рускиот космодром Восточни минатиот месец, јави Скај Њус повикувајќи се на новинската агенција Тас.

Белата куќа минатиот петок соопшти дека Северна Кореја и доставила на Русија повеќе од 1.000 контејнери со воена опрема и муниција. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан