• среда, 27 ноември 2024

Москва за денеска најави прекин на огнот со цел да се евакуираат цивили од Мариупол

Москва за денеска најави прекин на огнот со цел да се евакуираат цивили од Мариупол
Москва, 31 март 2022 (МИА) – Руското Министерство за одбрана најави локален прекин на огнот од 9 часот по средноевропско време во Мариупол за да се евакуираат цивилите од градот. Овој чекор треба да овозможи отворање на хуманитарен коридор кон Запорожје, објаснуваат од Министерството. - За да успее оваа хуманитарна операција, предлагаме таа да се спроведе со директно учество на претставници на Високиот комесаријат за бегалци на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, се додава во соопштението на Министерството. Украинската страна има рок до 6 часот во четврток наутро да прогласи прекин на огнот и писмено да ги извести Русија, ОН и Црвениот крст. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат дека спречуваат евакуација на жителите на Мариупол, кој е под жестоки напади на руските сили и со недели е опколен. јт/

Остани поврзан