• вторник, 24 декември 2024

Москва: Гроси ќе ја посети нуклеарната електрана во Курск заради проценка на безбедноста

Москва: Гроси ќе ја посети нуклеарната електрана во Курск заради проценка на безбедноста

Москва, 19 август 2024 (МИА) - Москва очекува наскоро да го пречека шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во нуклеарната електрана во Курск, а агенцијата потврди дека Гроси е подготвен да ја посети електраната, изјави постојаниот претставник на Русија при оваа меѓународна организација во Виена, Михаил Уљанов.

„Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, веднаш одговори на поканата на Русија да ја посети нуклеарната електрана во Курск, чија безбедност е загрозена поради непромислените и провокативни постапки на украинската страна“, соопшти Уљанов на својот Телеграм профил. Тој додаде дека Гроси е подготвен да ја посети електраната за да ја процени ситуацијата и дека ова, со оглед на алармантните околности, може да се случи многу брзо.

Претходно, прес-службата на „Росатом“ извести за влошување на ситуацијата во нуклеарните електрани Курск и Запорожје поради зголеменото гранатирање. ссм/

фото: архива

Остани поврзан