• понеделник, 18 ноември 2024

Морнариците на Русија, Кина и Јужна Африка почнуваат воени вежби во Индискиот Океан

Морнариците на Русија, Кина и Јужна Африка почнуваат воени вежби во Индискиот Океан

Преторија, 22 февруари 2023 (МИА) – Во Јужна Африка денеска беше одржана церемонија по повод почетокот на заедничките воени вежби на морнариците на Русија, Кина и Јужна Африка, на која беше соопштено дека „активната фаза“ на вежбите, во која ќе биде активна и бродската артилерија, ќе трае од 25 до 27 февруари.

На церемонијата присуствуваа командантот на руската морнарица, адмирал Николај Јевменов, заменик командантот на кинеската морнарица, вицеадмирал Ли Јуиџе и заменик-началникот на Здружената команда на јужноафриканските позадински сили, адмирал Бубеле Мхлана.

Адмиралот Јевменов ги поздрави учесниците на заедничката воена вежба и рече дека Русија е многу заинтересирана за подобрување на соработката со морнариците на Кина и Јужна Африка. јт/

Фото: Скриншот од видео на руска морнарица

Остани поврзан