• сабота, 23 ноември 2024

Морисон мораше да се помести од новозасаден тревник, откако му свика сопственикот на куќата

Морисон мораше да се помести од новозасаден тревник, откако му свика сопственикот на куќата
Канбера, 4 јуни 2020 (МИА) - Австралискиот премиер Скот Морисон мораше да се помести од новозасадениот тревник, откако сопственикот на куќата каде што стоеше му свика за време на прес-конференција. Морисон го посети Гугонг, предградие на Канбера, за да објави поддршка од Владата за реконструкција на куќи и станбени згради во износ од 25.000 австралиски долари, како дел од пакетот економска помош поради Ковид-19, пред локалните избори следниот месец. - Десет илјади Австралијци ..., рече Морисон и не ја доврши реченицата откако беше прекината прес-конференцијата која се пренесуваше во живо. Сопственикот на домот ги повика сите да се тргнат од тревата. - Ајде, ве молам. Луѓе, само што засадив таму, рече сопственикот и додаде: „Прости, пријателе! Морисон одговори дека се е во ред и се повлече неколку чекори назад. - Секако, ќе се вратиме од таму, рече тој. Австралија има многу помалку случаи на заразени со коронавирус од повеќето други земји, но нејзината економија се соочува со својата прва рецесија во последните 30 години и покрај  владината поддршка од неколку милијарди долари. паг/    

Остани поврзан