• понеделник, 23 декември 2024

Морено би можел да го пропушти Светското првенство во Катар

Морено би можел да го пропушти Светското првенство во Катар
Мадрид, 4 октомври 2022 (МИА) - Напаѓачот на Виљареал, Жерар Морено би можел да го пропушти Светското првенство во Катар во 2022 година. Играчот продолжува да закрепнува од повредата и веќе ги започна интензивните подготовки за настап на турнирот како дел од шпанската репрезентација. Триесетгодишниот Шпанец се повреди на 11 септември на мечот против Реал Бетис (1:0). Според „Марка“ Морено ќе заздрави до крајот на октомври, а не порано, поради компликации кои настанале за време на рехабилитацијата. Се известува дека составот на шпанската репрезентација за Светското првенство во 2022 година ќе биде објавен на почетокот на ноември. Фудбалскиот Мундијал во Катар започнува на 20 ноември и ќе трае до 18 декември. зс/

Остани поврзан