• понеделник, 23 декември 2024

Мора Хили прва гувернерка во САД припадник на ЛГБТК+ заедницата

Мора Хили прва гувернерка во САД припадник на ЛГБТК+ заедницата
Вашингтон, 9 ноември 2022 (МИА) - Јавната обвинителка на американската држава Масачусетс, Мора Хили стана првата гувернерка на држава во САД, која отворено се декларира како лезбијка. Педесет и едногодишната Хили го победи републиканецот Џоф Дил, поддржан од поранешниот претседател Доналд Трамп. - Сакам да им кажам нешто на секое мало девојче и на секоја млада ЛГБТК+ личност. Се надевам оваа победа покажува оти можете да бидете што сакате и дека никој не може да ви застане на патот, освен вашата имагинација, но, тоа нема да се случи. Стојам пред граѓаните горда што ќе бидам првата жена и првото геј лице гувернер на Масачусетс, истакна таа. бд/ссм/

Остани поврзан