Моравјецки: „Вагнер“ може да биде и поопасен под контрола на Путин
- -Групата Вагнер сега ќе потпадне под команда на Путин, секој сам нека си одговори на прашањето – дали заканата ќе биде поголема или помала?, запраша поилскиот премиер „За мене тоа е реторичко прашање“, рече тој на прес-конференција.

Варшава, 24 август 2023 (МИА) - Групата „Вагнер“ ќе стане уште поголема закана под контрола на Владимир Путин, смета полскиот премиер Матеуш Моравјецки, пренесува Скај Њуз.
-Групата Вагнер сега ќе потпадне под команда на Путин, секој сам нека си одговори на прашањето – дали заканата ќе биде поголема или помала?, запраша поилскиот премиер
„За мене тоа е реторичко прашање“, рече тој на прес-конференција.
Приватната воена група до вчера беше под комплетна контрола на Евгениј Пригожин, за кој се смета дека загина во авионска несреќа.
Платениците на „Вагнер“ во јуни и јули беа преместени во Белорусија, по бунтот предводен од Пригожин, при што нивното присуство во Белорусија се сметаше за потенцијална закана за соседна Полска, појсанува Скај Њуз. Сд/