• вторник, 24 декември 2024

МОН има законска обврска да организира матура за учениците кои се пријавија за полагање

МОН има законска обврска да организира матура за учениците кои се пријавија за полагање
Скопје, 25 јануари 2021 (МИА) - Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска оствари он лајн состанок со директорите на средните училишта, на којшто тема беше почетокот на второто полугодие и полагањето на матурските испити. Како што соопшти МОН, на состанокот е донесен заклучок дека Министерството има законска обврска да ја организира матурата за учениците коишто планираат да го продолжат образованието, а е услов за запишување на факултетите во државата и во странство. Според податоците на училиштата полагање на матура имаат пријавено над 14 000 матуранти, а испитите ќе се одржат според концепцијата утврдена уште на почетокот на оваа учебна година. -Mатурата, којашто е право на избор и на учениците кои избраа да полагаат и ги пријавија испитите ќе им биде овозможено да полагаат. На состанокот беше посочено дека уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН беа прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети, стои во соопштението. Државниот испитен центар, МОН и средношколците заеднички ќе работат на целосно нова концепција за полагање на државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање работна група во која ќе бидат вклучени и средношколците. Средното образование е задолжително, државната матура е избор и е потребна на учениците коишто планираат да го продолжат образованието на факултетите, додаваат од МОН. Во концептот за матура предвидена е и училишна матура, која е избор на учениците кои нема да полагаат државна матура. Таа опфаќа избор само на дава предмета (задолжителен и изборен) и проектна задача. Исто така, матурантите од средните стручни училишта имаат можност да изберат и завршен испит, со истиот концепт од два предмета, задолжителен и изборен и проектна задача, се наведува во соопштението. Министерството за образование апелира до матурантите и средношколците да продолжат со наставата по веќе воспоставниот комбиниран модел, затоа што тоа е во најдобар интерес на сите ученици, но во интерес на заштитата на јавното здравје. нд/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан