• петок, 08 ноември 2024

Монстат: Во Црна Гора 74 села се без жители

Монстат: Во Црна Гора 74 села се без жители

Подгорица, 31 јануари 2024 (МИА) – Во 74 села во Црна Гора повеќе никој не живее, а 304 села имаат 10 или помалку жители, покажуваат податоците на Заводот за статистика Монстат од пописот завршен во декември.

Во претходниот попис од 2011 година имало 120 села со 10 или помалку жители, од кои 43 немале постојани жители.

Според податоците на Монстат поголемиот број од напуштените села се на територијата на Цетиње – 16 се ненаселени, а 42 села имаат од еден до десет жители. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан