• понеделник, 16 декември 2024

Монако ги прекина преговорите за асоцијација со ЕУ

Монако ги прекина преговорите за асоцијација со ЕУ

Ница, 15 септември 2023 (МИА) - Владата на Монако денеска објави прекин на преговорите со Европската унија, што почнаа во 2015 година, за потпишување договор за асоцијација.

На вчерашната средба во Брисел меѓу претставниците на ЕУ и Монако, „учесниците постигнаа взаемно разбирање за неможноста да се усогласат барањата на ЕУ со црвените линии што ги истакна“ принцот Алберт Втори во 2015 година, се вели во соопштението.

Соочена со неверојатни цени на недвижностите на оваа мала територија на брегот на Средоземното Море - до 120.000 евра за метар квадратен во најпрестижните населби - владата дава финансиски стимулации за 9.000 граѓани   за да можат да останат во земјата со население од 40.000 жители.

Ова е неопходно за „да се обезбеди одржување на сегашните услови за живот, работа и домување на граѓаните и жителите на Монако“, се вели во соопштението.

„Во овој контекст, двете страни се согласија дека во рамките на актуелниот мандат на Европската комисија нема услови за склучување договор и се согласија да ги прекинат преговорите“, заклучи владата на Монако. зш/

Остани поврзан