• понеделник, 16 март 2026

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани (фото)

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани (фото)

Кочани, 16 март 2026 (МИА) - Молитва за упокоените одржа митрополитот на Брегалничката епархија, господин Иларион, во сослужение на свештеници од кочанскиот црковен храм „Св. великомаченик Ѓеорги“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани. 

На молитвата присуствуваа семејствата на жртвите, голем број граѓани, како и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и голем број претставници од политичката, академската и општествената заедница. 

Паркот на револуцијата во Кочани денеска беше исполнет со гласна тишина, а шеесет и три бели столчиња наредени на отворено и со една бела роза на нив за спомен и отворена книга за жалост - беа немо сведоштво за животите прекинати во најубавите години. 

Во Центарот за култура „Бели мугри" во тек е централниот комеморативен настан „Ден на сеќавање“ - 16 март 2025, во спомен на трагично загинатите. аа/ра/ 

Фото: МИА

Остани поврзан