Молдавија и Гаспром постигнаа договор за пет години
- Молдавија и рускиот државен енергетски гигант Гаспром се согласија да го продолжат договорот за снабдување со гас за поранешната советска република за пет години по остриот спор околу цената.

Кишињев, 29 октомври 2021 (МИА) – Молдавија и рускиот државен енергетски гигант Гаспром се согласија да го продолжат договорот за снабдување со гас за поранешната советска република за пет години по остриот спор околу цената.
- Страните постигнаа договор за формулата за цената, ревизијата на долгот на Молдовагас и последователен дијалог за отплата, соопшти портпаролот на молдавското Министерство за надворешни работи, Даниел Вод.
Преговорите меѓу молдавската делегација и Гаспром се водеа во Санкт Петербург. Страните се договорија за формула за пресметување на цената, како и за ревизијата на долгот акумулиран од Молдовагас ". Снабдувањето со гас ќе почне на 1 ноември. јт/