• среда, 25 декември 2024

Може да почне или да продолжи кроењето на овошките и виновата лоза ако дозволуваат почвените услови, велат агрометеоролозите

Може да почне или да продолжи кроењето на овошките и виновата лоза ако дозволуваат почвените услови, велат агрометеоролозите

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Земјоделците може да почнат или да продолжат со кроење на виновата лоза и овошките, ако тоа го дозволуваат почвените услови, велат агрометеоролозите.

Според нив, во локалитети и кај сорти каде постојат услови за измрзнување поради ниски зимски температури и ризик од доцни пролетни мразеви, се препорачува резидбата да се изврши во периодот на крајот на февруари и почетокот на март.

-Стабилното време минатата недела, со ниски утрински и повисоки дневни темеператури, е доволен податок за земјоделските производители да не стравуваат од евентуални штети. Ваквото време ја одржува состојбата во услови на мирување, која е неопходна во овој период. Доколку почвените услови дозволуваат, земјоделците можат да почнат или продолжат со кроење на виновата лоза и овошките, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.  

Во наредните денови, до сабота, ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

-Од недела, под влијание на влажен бран, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе се задржат над просекот за овој период од годината. Минималната температурата ќе се движи во интервал од -3 на повисоките места до 10 степени, а максималната температурата ќе се движи во интервал од 7 до 19 степени, информираат од УХМР. мч/дма/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан