Можен спој меѓу „Неверојатните Одмаздници“
- Во средиштето на теоријата се ликовите на Семјуел Л. Џексон во двете суперхеројски приказни, кои „завршуваат“ на сличен начин.

Лос Анџелес, 9 февруари 2021 (МИА) - Љубителите на суперхеројски филмови забележале совпаѓање, па дури и трага на навестување за можен спој меѓу „Одмаздници“ (Avengers) на проукциската куќа „Марвел“ и „Неверојатните“ (The Incredibles) на „Пиксар“ и „Волт Дизни“.
Тик-ток монтажата стана интернет-хит меѓу оние „најопседнати“ обожаватели на овој жанр. Во средиштето на теоријата се ликовите на Семјуел Л. Џексон во двете суперхеројски приказни, кои „завршуваат“ на сличен начин... И во двете сцени е вклучен хеликоптер кој паѓа.
Дали е ова некакво навестување за заедничко продолжение, некакво совпаѓање или едноставно - недостаток или „позајмување“ на филмска идеја, допрва ќе се дознае. си/сд/
https://twitter.com/i/status/1358575825923178496