• понеделник, 17 март 2025

Моди: Трамп е многу поподготвен сега отколку во неговиот прв мандат

Моди: Трамп е многу поподготвен сега отколку во неговиот прв мандат

Њу Делхи, 17 март 2025 (МИА) - Индискиот премиер Нарендра Моди рече дека американскиот претседател Доналд Трамп сега - во неговиот втор мандат е „многу поподготвен“, со јасен план.

Моди ја даде изјавата во интервју за подкастот на американскиот информатичар Лекс Фридман, што се емитуваше синоќа, додавајќи дека тоа доаѓа неколку недели пред воведувањето на новите американски царини за индиската стока.

Индискиот премиер беше примен од Трамп во Белата куќа минатиот месец, а двајцата се согласија да го решат нивниот спор околу царините и да работат оваа пролет на договор што ќе им овозможи да тргуваат до 2030 година за да се достигне промет од 500 милијарди долари во билатералната трговија.

„Овојпат изгледа многу поподготвен од порано. Тој има јасен план во главата, со добро дефинирани чекори, од кои секој треба да го доведе до неговите цели“, рече Моди за Трамп во подкастот. 

„Исто како мене, тој ја става својата земја на прво место, поради што толку добро се вклопуваме“, додаде индискиот премиер. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан