• петок, 05 декември 2025

„Мобилност Скопје“ оствари средба со градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски

„Мобилност Скопје“ оствари средба со градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски

Скопје, 17 октомври 2025 (МИА) - Здружението на лица со попреченост, „Мобилност Македонија“, т.e. скопскиот огранок во своите простории оствари средба со градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. На дискусијата беше присутен и д-р Александар Савески, носител на листата кандидати за советници од партијата СДСМ и коалицијата.

Не дебатата, граѓаните со попреченост, за Општина Центар побараа, во иднина, пристапноста до зградите, јавните, деловните и станбените објекти, да биде задолжителна и законски обврзувачка - со потребните и задолжителни измени во соодветните закони прописи. Досегашниот градоначалник и кандидат за следниот мандат се согласи и нагласи дека јавните институции во неговата општина веќе добиваат рампи за ортопедски колички, тактилни патеки за лица со оштетен вид итн. Герасимовски истакна дека тој тренд ќе продолжи.

Како позитивен пример за пристапен и инклузивен објект, тој го посочи отскоро реновираното и надградено ООУ „Коле Неделковски“.

Тој истакна дека Општината би продолжила да отстапува простории, дуќани, канцеларии и сл., за потребите на граѓаните, како што тоа веќе го прави во зградата на „Паркинзи на Општина Центар“ и во други објекти со коишто стопанисува Општината. Некои простории се отстапуваат времено, на ден или подолго, обично тоа е бесплатно, вели градоначалникот, а за подолгорочно користење на некоја просторија - ќе треба да се почека завршувањето на новопланираната зграда на Општината.

- Целта ни е зградата на Општината да биде граѓанска, а после административна, каде што ќе работат службениците. И, да имаат можност да ја користат сите за одредени потреби. Во неа ќе планираме да се најде решение, т.е. да се ослободат простории, рече Герасимовски.

Тој и д-р Савески ветија и поредовна и почеста комуникација со граѓаните со попреченост, во однос на ортопедските помагала - ортопедски колички, патерици, слушни апаратчиња, како и за подостапни лекови. Во однос на тоа, граѓаните побараа редовно обновување, ревизија и осовременување на Правилникот за таква здравствена помош, којшто треба да е во чекор со времето и развојот на таквите направи и технолошки уреди. 

Член на „Мобилност Скопје“ побара и отворање канцеларии за контакт со граѓаните со попреченост, со цел - полесна комуникација. А, како што се согласија соговорниците - ако или кога ќе биде можно, таква установа да има под Градот Скопје, но и за секоја општина одделно.

- Чест и задоволство ми е што денеска се сретнав со вас - лицата со посебни потреби и она што вие го препорачавте за во Општина Центар, за да ги подобриме условите за лицата со попреченост. Разговаравме за сѐ она што веќе е направено и сѐ што допрва ќе треба да го направиме заедно со вас во наредниот мандат со ваши препораки и насоки. На средбата имаше одлични предлози и идеи, на посебни категории луѓе - околу ортопедските колички, субвенционирање на истите, одобрување на паркирање на повеќе места за лица со попреченост на територија на Општина Центар... Имаше одлични предлози и во делот на пристапни рампи во повеќе институции во Центар, истите беа договорени и - на средбата којашто ја договоривме за следниот месец, во расправата на буџетските форуми, да ги предвидиме и овие проекти, коишто заедно ќе ги реализираме во 2026 година, изјави Герасимовски за МИА.

Во таа смисла, првиот човек на Општина Центар уште еднаш ги повика граѓаните со попреченост на нивна поголема вклученост во креирањето на политиките што ги засегаат овие лица.  си/сст/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан